(ВИДЕО) Анкета во Шуто Оризари: Како ќе се разбираме со гинеколог што не знае македонски јазик?

(ВИДЕО) Анкета во Шуто Оризари: Како ќе се разбираме со гинеколог што не знае македонски јазик?

Како ќе се разбираме со гинекологот ако не знае македонски јазик, прашува дел од жителите на Шуто Оризари што ги анкетира екипата на „Макфакс“. Тие сметаат дека е добро што конечно се отвори гинеколошка ординација во амбулантата во оваа населба. Велат дека сега ќе заштедат и време и пари и, конечно, ќе се мотивираат почесто да одат на гинеколошки прегледи. Но, загрижени се што лекарката што ќе работи во амбулантата не зборува македонски, туку само албански јазик.

Од Министерството за здравство уверуваат дека нема да има проблем бидејќи медицинската сестра, освен албански, добро зборува и македонски јазик.