(Видео) Астронаути на НАСА правеа пица во вселената

(Видео) Астронаути на НАСА правеа пица во вселената

Астронаути на НАСА решија да направат пица во вселената. Како што напишал италијанскиот астронаут Паоло Несполи на „Твитер“, нивниот шеф ги набавил сите потребни состојки за да направат пица – храна што многу им недостига.

Едноминутното видео што го направил Ренди Бресник е објавено на интернет и ја покажува нивната умешност во подготвување храна во несекојдневни услови.