(ВИДЕО) Богдановиќ најави ново ЛЕД-осветлување за пониски сметки

(ВИДЕО) Богдановиќ најави ново ЛЕД-осветлување за пониски сметки

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, најави реконструкција на осветлувањето, нови ЛЕД-штедливи светилки и зголемување на безбедноста.

„Неосветлените улици, старите бандери и лошото осветлување не смеат да бидат сликата за општина Центар. Затоа ќе ја реконструираме електричната мрежа. Старата и дотраена инсталација ќе биде заменета со нова, каблите ќе бидат спуштени во земја.

Во општина Центар има 5.000 канделабри за улично осветлување. Годишно се трошат 35 милиони денари за струја само за осветлување. При секоја обнова на улиците ќе се врши за замена на старите уреди и светилки со ЛЕД-паметни светилки со што годишно се штеди 75-83%, или заштеда од 28 милиони денари, кои ќе се пренаменат за проекти во интерес на граѓаните, за она што е најнеопходно, за зеленило, урбана опрема, но и за реконструкција на старите и дотраени покриви и лифтови.
Ќе работиме за поздрав, почист и посовремен Центар. Oва е само почеток на имплементација на посеопфатен и сериозен проект за подобрување на квалитетот и условите за Живот на жителите/граѓаните во општина Центар“, изјави Богдановиќ.