(ВИДЕО) Богдановиќ најави реконструкција улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ по 50 години

(ВИДЕО) Богдановиќ најави реконструкција улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ по 50 години

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Центар, Саша Богдановиќ, вети реконструкција на улици, зеленило и нова градинка во Маџир Маало.

– Маџир Маало, една од најстарите скопски населби нема да остане запоставено и заборавено. По кочењето од општина Аеродром, сега и планот и набавката се готови, и приоритет веќе во наредната година е реконструкција на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“. Конечно по 50-ти години, Маџир Маало ќе добие улица каква што доликува. Но не застануваме тука, изградиме канализациска мрежа и ќе ги реконструираме и улиците „Светиниколска“ и „Стеван Цветковски“.
Ќе засадиме зеленило низ населбата, ќе поставименови клупи за седење, канти за отпадоци и чешма за пиење вода, а Маџир Маало ќе добие и ново современо осветлување – рече Богдановиќ

Тој за најмладите рече дека ќе изгради современо детско игралиште и градинка за згрижување на 150 деца.
„Ќе продолжиме да ја негуваме и поддржуваме традицијата на Маџирмаалските средби. Маџир Маало ќе стане посакувано место за живеење – нагласи Богдановиќ.