(ВИДЕО) Богоевски: Трајановски и Груевски само за два моста потрошија над 5 милиони евра, а Скопје плива во кал

(ВИДЕО) Богоевски: Трајановски и Груевски само за два моста потрошија над 5 милиони евра, а Скопје плива во кал

Коце Трајановски потроши милиони евра граѓански пари само за да ги задоволи личните хирови и лукративните потреби на својот партиски идол Никола Груевски, изјави Павле Богоевски, пратеник во Собранието.

Тој рече дека Трајановски и Груевски потрошиле над 5 милиони евра само за два моста, а Скопје се задушува во чад и плива во кал.

„Се наоѓаме кај оградата на мостот ‘Слобода’, на која заедно со осветлението Коце Трајановски потроши над два милиона евра пари на граѓаните. Коце Трајановски за оградата на мостот ‘Гоце Делчев’ потроши повеќе од половина милион евра, пари на граѓаните! А за на несреќно наместените и непропорционални лавови на краевите на истиот мост Коце Трајановски потроши над 2,6 милиона евра. Тоа значи дека само на овие два моста Коце Трајановски и Никола Груевски преку Општина Центар потрошиле повеќе од пет милиони евра, пари на граѓаните“, рече Богоевски.

Додека нашето Скопје се задушува во смог, додаде тој, додека едни делови од градот пливаат во кал, а други немаат постојано водоснабдување, нив не ги интересираат реалните потреби на граѓаните, нив ги интересирало и ги интересира само личното богатење преку прескапо наплатениот барок направен од евтин стиропор.