(Видео) Во акција на МВР затворени 13 угостителски објекти, приведени 4 малолетници

(Видео) Во акција на МВР затворени 13 угостителски објекти, приведени 4 малолетници

Тринаесет угостителски објекти се затворени, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти во синоќешната акција на МВР.

Македонската полиција во текот на вчерашниот ден изврши контрола во 13 угостителски објекти, каде утврдиле дека не се почитуваат законските прописи во поглед на работното време, точење алкохол на малолетни лица и неиздавање на фискални сметки.

„Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници. Двајца од нив за користење на наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет“ изјави Тони Ангеловски.

Вчеравечер била спроведенна и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алхохол, каде е утврдено дека 272 возачи се ахотеститарани, а пак кај 102 возачи е утврдено присуство на алкохол. Од МВР информираат дека се констатирани 49 други прекршоци, за што се издадени 12 мандатни и 37 прекршочни платни налози.

К.Л.