(ВИДЕО) Георгиевски: Од Гази Баба ќе создадеме општина за пример, отворена и услужна за секого

(ВИДЕО) Георгиевски: Од Гази Баба ќе создадеме општина за пример, отворена и услужна за секого

Исправени сме пред една историска одлука. Одлука која ќе го промени изгледот, духот и начинот на функционирање на општина Гази Баба, рече во воведот на денешната прес-конференција Борис Георгиевски, кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ.

„Нашата општина во изминатите години беше маргинализирана, уназадена и само место за реализација на интересите на локалната власт во заминување. Се обврзавме дека тој амбиент ќе го промениме и дека ќе создадеме општина за пример, отворена и услужна за секого. Општина во која на прво место ќе бидат интересите и потребите на секој граѓанин“, Георгиевски.

Тој истакна дека граѓаните ќе бидат вклучени во поставувањето на приоритетите при носењето на општинскиот буџет и дека општина транспарентно ќе известува за трошењето на истиот.

„Ќе имаме отворени денови во кои јас како иден градоначалник ќе го посетувам секое населено место и ќе бидам отворен за секој предлог, сугестија или критика од нашите граѓани. Новата локална самоуправа ќе биде отворена за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги на едно место“, нагласи Георгиевски.

Тој вети дека ќе го врати функционирањето на месните и урбаните заедници кои ќе бидат основната клетка во општината и преку нив ќе се извршува основната задача на општината – да им служи на граѓаните.

„Јас и мојот тим одговорно стоиме пред вас и се обврзуваме дека ќе изградиме една нова Гази Баба. Гази Баба која ќе биде пример за останатите. Општина во која ќе има подеднакви можности и услуги за сите без разлика на партиска, етничка или религиозна припадност. Општина која отворено ќе им припаѓа на граѓаните“, рече Георгиевски на крајот од обраќањето.