(ВИДЕО) Георгиевски: Ќе се грижиме за напредокот на културата во Гази Баба

(ВИДЕО) Георгиевски: Ќе се грижиме за напредокот на културата во Гази Баба

Локалната власт во заминување остави длабоки последици во нашата општина предизвикани од нејзиното неодговорно и расипничко однесување. Ваквиот пристап предизвика негативни последици и за културата и културното наследство, изјави Борис Георгиевски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од СДСМ.


Тој рече дека ако ја добие довербата од граѓаните ќе се грижи и за напредокот на културата и заштита на културното наследство како симбол и одлика на општината.

„Идната локална власт целосно ќе го обнови и повторно ќе го стави во функција Домот на културата ’11 Октомври’, кој, како што и сами забележувате, е целосно руиниран. Ќе го вратиме на граѓаните домот на културата, кој претставуваше еден белег на нашата општина во минатото. Ќе ги обновиме и направиме повторно функционални и Домот на културата Димитар Влахов во Автокоманда и оние во Маџари и Трубарево, како и домот на потегот Колонија-Идризово“, рече Георгиевски.