(ВИДЕО) Дачиќ му се претстави на Ердоган со песната „Осман ага“

(ВИДЕО) Дачиќ му се претстави на Ердоган со песната „Осман ага“

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, е познат по тоа што сака да пее, па овој пат тој своите гласовни способности му ги претстави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е во посета на Србија.

Снимката од пеењето на Дачиќ по повод посетата на Ердоган на неговата земја стана хит на социјалните мрежи.

На видеоснимката се гледа како Дачиќ во близина на масата, каде што седат Ердоган и неговата сопруга Емина, како и српскиот претседател Александар Вучиќ со својата сопруга Тамара, ја пее песната „Осман ага“ на турски јазик.