(ВИДЕО) Драган Бјелогрлиќ, Марија Бергам, Горан Богдан: „Сенки над Балканот“ е светска серија за еден дел од балканската историја

(ВИДЕО) Драган Бјелогрлиќ, Марија Бергам, Горан Богдан: „Сенки над Балканот“ е светска серија за еден дел од балканската историја

Политика, корупција, љубов, сето тоа на Балканот во периодот пред првата светска војна, сместено во новата играната серија „Сенки над Балканот“, која е работена во манирот на светските тв серии. Креатор на серијата е Драган Бјелогрлиќ, а една од главните женски улоги игра Марија Бергам, а од машките Горан Богдан. Пилот филм, поточно две епизоди од серијата ќе бидат прикажани вечерва на затворањето на фестивалот „Киненова“, а за идејниот концепт и нивните улоги зборуваат во интервјуто за „Макфакс“.

Во големата интернационална копродукција учествува и Македонија, поточно „Скопје филм студио“ на Томи Салковски, а играат и повеќе македонски актери, меѓу кои Петар Арсовски и Јана Стојановска, а една од 11-те епизоди е во режија на Игор Иванов Изи. Серијата ќе почне со тв прикажување на крајот од месецов.