(ВИДЕО) Едно лице загина на протестот во Вирџинија

(ВИДЕО) Едно лице загина на протестот во Вирџинија

На протестот во Шарлотсвил едно лице загина кога автомобил влета во насобраната толпа. Во инцидентот се повредени најмалку 19 луѓе.

„Полицијата е на терен. Пријавени се три инциденти со автомобили. Пријавени се повеќе повредени лица“, соопштила полицијата.

Трагедијата се случила два часа по собирот на екстремната десница.

Властите во Вирџинија прогласија вонредна состојба по големите судири до кои дојде на собирот на националстите. Учесниците на протестот „Да ја обединиме десницата“ се противат на плановите на локалните власти од паркот во центарот на градот да ја отстранат статуата на Роберт Ли, командант во американската граѓанска војна и противник на укинувањето на ропството.

Набргу бил организиран и контрапротест.

Страв кај населението предизвика и тоа што во Вирџинија со закон е дозволено носење оружје на јавно место.