(ВИДЕО) Ерупција на вулкан во Јапонија: Четири града прекриени со пепел

(ВИДЕО) Ерупција на вулкан во Јапонија: Четири града прекриени со пепел

Во ерупцијата на вулканот Шимоедаке на југозападот на Јапонија големо количество пепел паднало врз четири околни града.

Вулканот, кој се наоѓа на границата на перфектурите Кагошиме и Мизијаки, се активира првпат по шест години.

Како што наведуваат јапонските медиуми, пепелта се издигнала 1.700 метри и паднала врз најмалку 4 града во перфектурата Мизијаки.

Јапонската метеоролошка управа го подигна нивото на тревога за вулкани од 2. на 3. на скалата до 5. На трето ниво луѓето се предупредуваат да не се приближуваат до вулканските планини.

Метеоролошката управа прогнозира дека пепелта ќе продолжи да паѓа до сабота, а од ветрот зависи кои градови би можеле да бидат загрозени.