(ВИДЕО) Заев ги повика граѓаните в недела да гласаат за заокружување на промените

(ВИДЕО) Заев ги повика граѓаните в недела да гласаат за заокружување на промените

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во своето обраќање ги повика граѓаните в недела да излезат на гласање и да ги завршат почнатите промени во земјата.

„Еве нè повторно заедно, исправени пред уште една историска одлука за нашата Република Македонија – да си потврдиме дека одиме напред кон раст и развој. Гордејте се и бидете сигурни – Македонија e слободна и слободно живее! И, сега, мора да продолжиме!“, рече Заев во обраќањето.

Тој нагласи дека промената мора да биде целосна затоа што на Македонија ѝ треба целосна слобода, економија, правичност и живот во секоја општина.

„Вашите барања се јасни и јас ве уверувам дека нашите градоначалници ќе направат сѐ да ги исполнат плановите што ги создадоа за вас. Децата да бидат згрижени и да учат во топли и пријатни градинки и училишта. Граѓаните да се движат по квалитетни и асфалтирани улици и патишта. Да има канализација во секоја општина. Да има чиста вода за пиење до секој дом. Да дишеме чист воздух затоа што нема слобода и живот без чист воздух. Секој да добие навремена услуга во својата општина.

Тој рече дека ги уверува граѓаните дека сето ова бргу ќе се оствари и дека е дојдено времето на нова политика во која зборот е збор, а гласот на граѓаните е најважен.

„Новата политика значи дека преку централната власт силно ќе ги поддржиме општините и граѓаните. Парите мора да одат на локално ниво за да направиме општини по ваша мерка, општини што работат за вас и кои ве поврзуваат“, рече Заев.

Затоа, почитувани граѓани на Република Македонија, ајде заеднички во нова акција, сега в недела, на 15 октомври!

Знаеме како треба – со пенкало. Сите да излеземе и да го дадеме својот глас за живот во Македонија и во секоја општина.
Ајде да гласаме слободно за да ги завршиме промените што заедно ги донесовме“, истакна Заев.