(ВИДЕО) Заев: Кратово ќе биде гасифицирано

(ВИДЕО) Заев: Кратово ќе биде гасифицирано

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше со граѓаните на Кратово.

Пред жителите на Кратово тој порача дека советничката листа и кандидатот за градоначалник на Кратово, Љупчо Бојаџиев, имаат поддршка од него, и ќе има поддршка од Владата и од парламентарното мнозинство во реализирање на мерките кои носат живот за сите.

Тој ги повика жителите на Кратово на 15 да го поддржат кандидатот за градоначалник на Кратово на СДСМ и советничката листа за реализирање на проекците за подобрување на животот на сите граѓани, за градење по план, за отворена и услужна општина за сите.

„Убеден сум дека можеме да го гасифицираме Кратово. Јас ја гасифицирав Струмица. Овде тоа е многу возможна мисија. Гасификацијата е многу важна, за развојот на индустријата, за отворање работни места, но и заштеда на енергија во училиштата, во детските градинки, во болниците. 68% од енергијата може да се заштеди, по примерот на Струмица“, истакна Заев.

Кога зборуваме за живот, додаде тој, зборуваме и за политики коишто ќе создадат услови младите да можат да заработуваат и да основаат свои семејства тука, во Кратово.

„Целта ни е младите да не размислуваат да ја напуштат државата. Младите овде да го планираат животот. Никаде не е подобро од дома“ , рече Заев.