(Видео) За руските деца нема оправдување, на училиште одат и на минус 50 степени

(Видео) За руските деца нема оправдување, на училиште одат и на минус 50 степени

На истокот од Русија дури ни студ од минус 50 Целзиусови степени не е доволно добро образложение за децата да добијат оправдување да не одат на училиште.

Оркански ветрови и температури од минус 50 Целзиусови степени во повеќето делови од светот би биле добри причини за прекин на наставата во училиштата, но не и во градот Чокурда во североисточна Русија.

Видеоснимката од група деца што одат од училиште привлече големо внимание на социјалните мрежи. На неа може да се види дека некои од нив дури и паѓаат од силните удари на ветрот, но упорно продолжуваат.

Сепак, училиштето е најважно…