(ВИДЕО) Костовски: СДС ги удвои трошоците за лично луксузирање

(ВИДЕО) Костовски: СДС ги удвои трошоците за лично луксузирање

СДС наместо да крати, како што велеше, од непродуктивните трошоци, тој ги удвои во однос на лани. СДС наредната година за свој личен и луксуз на функционерите од СДС во новиот буџет под ставката дневни и патни трошоци предвиде 770 милиони денари или 12.5 милиони евра. Ова е двапати повеќе од тоа што се предвидело во ланскиот буџет, кога изнесуваше околу 7 милиони евра, порача Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во предизборието најавуваа кратење на непродуктивните трошоци, па очигледно видеа дека се сведени на миниум од страна на ВМРО-ДПМНЕ и решија да ги удвојат трошоците за свое лично луксузирање. СДС наместо да вложува во реални сектори, каде што е потребно, како образование и здравство, реши 12.5 милиони да ги користи за личен луксуз на врхушката на власт“, рече Костовски.

Додека ги учеа граѓаните да одат на работа со автобус и велосипед, СДС троши 12.5 милиони евра годишно за дневни и патни трошоци, додава Костовски. Граѓаните, како што рече тој, конечно гледаат дека СДС и Заев ги манипулираат граѓаните. Очигледно нема пари за решавање на егзистенцијата на над 120 семејства во ‘Колска’ и над 280 вработени во ‘Еурокомпозит’, кои се на работ на преживување, но затоа има пари за личниот луксуз на функционерите на СДС. Ова е начинот на кој СДС е научен да владее. Луксуз и расфрлање со народни пари’, истакна Костовски.