(Видео) Медиумски ден – средношколци во посета на „Макфакс“

(Видео) Медиумски ден – средношколци во посета на „Макфакс“

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста организира медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн-медиуми од Скопје, Битола и во Куманово беа домаќини на ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија.

Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди. Оваа година домаќини беа: дневниот весник „Нова Македонија“, МРТ 1, ТВ „21“, ТВ „Тера“ (Битола) и ТВ „Плус“ (Куманово), новинската агенција „Макфакс“ и Радио МОФ. Учeниците при посетата на „Макфакс“ се интересираа за тоа како се пишува вест, како функционира редакцијата и што претставува новинска агенција.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“, што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.