(Видео) Милошоски: Делегатите на конгресот ќе одлучат кого да поддржат

(Видео) Милошоски: Делегатите на конгресот ќе одлучат кого да поддржат

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучат за оставката на Груевски, како и за тоа кој ќе биде идниот претседател на партијата, изјави Антонијо Милошоски пред почетокот на денешниот протест пред Министерството за правда.

-Извршниот комитет помина во добра атмосфера, сега ќе се пренесе таа одлука на Централниот комитет. Делегатите од редовниот конгрес во Куманово ќе одлучуваат за понудената оставка на Груевски и за кандидатите кои би аплицирале, оставаме на нив да одлучат кого ќе поддржат, рече Милошоски.