(ВИДЕО) Наставнички влечеле аутистично дете по под

(ВИДЕО) Наставнички влечеле аутистично дете по под

Против две наставнички од Охајо е поведена кривична постапка по објавеното видео на кое се гледа како тие по ходниците во училиште влечат аутистично дете.

Седумгодишниот Корбин Кемл наводно се однесувал непримерно на игралиштето и поради тоа наставничките го внеле насилно во училиштето.

Неговата мајка Бони Мекин го објави видеото на интернет откако обвинителството одлучи да покрене постапка против двете наставнички.

Мекин навела дека останала без зборови кога видела како двете наставнички се однесувале кон нејзиното дете.

На видеото се гледа како наставничките го носат детето така што едната го држи за двете раце, а другата за двете нозе. Потоа се гледа како го влечат по земја, држејќи го за нозете.