(Видео) Нацев: MВР го штити убиецот на Мартин Јанушев

(Видео) Нацев: MВР го штити убиецот на Мартин Јанушев

„Единаесетти ден од свирепата ликвидација на Мартин Јанушев. Десетти ден по пукањeто врз зградата на советникот на Заев, а одговорност за сторителите нема“, рече во ијзава за медиумите Александар Нацев од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако луѓе што брутално со оружје егзекутираат среде бел ден и по тоа 11 дена се на слобода, тогаш каква правда и каква заштита може да очекуваат граѓаните. МВР се стави во заштита на убиецот, криминалец близок до врвот на власта, истиот според гласиштат кои кружат во јавноста и објавени во медиумите е и еден од сопствениците на агенцијата за обезбедување ‘Омерта секјурити’, за која важи дека е блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев. Спорната ‘Омерта секјурити’ дејствува како партиска полиција на СДС, влегува по објекти, заплашува и изнудува. МВР со одолговлекување на истрагата овозможи убиецот да избега. Дали е ова одговорност само на потпретседателот Оливер Спасовски, кој е министер за внатрешни работи, или тоа го прави по наредба на Зоран Заев?“, додаде Нацев.

Тој обвини дека се направени сериозни пропусти во истрагата. „МВР не презела основни истражни дејствија и дејствија за спречување бегство. МВР нема фоторобот на убиецот по кого трага, иако убиството се случило на сред бел ден на фреквентна локација и место на кое има повеќе безбедносни камери“, рече Нацев.