(Видео) Новата зграда на „Епл“ е строго чувана тајна, никој не може да влезе внатре

(Видео) Новата зграда на „Епл“ е строго чувана тајна, никој не може да влезе внатре

„Епл“ неодамна ја заврши изградбата на објектот вреден пет милијарди долари наречен „Епл парк“ во Купертино, Калифорнија. Некои го нарекуваат објектот архитектонска знаменитост, но луѓето што не се вработени во компанијата нема да може да влезат во паркот, а „Епл“ не ни размислува за таа опција.

Инвеститорите и акционерите на состанокот што се одржал неодамна го прашале Тим Кук, еден од основачите на „Епл“, кога ќе може да влезат и да го разгледаат паркот. Тој им одговорил: „Никогаш“.

„Не можеме да ја отвориме главната зграда за тури затоа што во неа има многу доверливи документи и предмети. Не го направивме ‘Епл парк’ за други луѓе. Мислам дека критиките за оваа одлука се бизарни, но тоа не е направено за вас. Јас знам како работиме, вие не знаете“, рекол Кук алудирајќи на оние што биле навредени од оваа одлука.

На луѓе од надвор кои ќе имаат состаноци во зградата ќе им биде дозволено да влезат само во одредени простории. Интересно е и тоа што сите фотографии на вработените од внатрешноста на зградата се избришани од социјалните мрежи.

Но, „Епл“ мислел и на фановите. Спроти „Епл паркот“ има кампус за туристи во кои има продавници, кафуле и други работи посветени на компанијата.