(ВИДЕО) Панчевски обвини истражител на СЈО за кражба при претресот на домот

(ВИДЕО) Панчевски обвини истражител на СЈО за кражба при претресот на домот

Поранешниот претседател на кривичниот суд, судијата Владимир Панчевски, обвини истражител на СЈО дека при претресот во неговиот дом, му го украл клучот. Панчевски го темели тврдењето врз видео-снимка од надзорна камера во неговиот дом, која ја објави ТВ Алфа.

Судијата Панчевски тврди дека ова видео е доказ за начинот на кој работи СЈО и како што вели, притисоците што се вршат врз него, но и за притисоците што треба да ги очекуваат и неговите колеги. Тој смета дека снимката служи како доказ за криминалот и подметнувањата на СЈО.

„Не говорам за вербални закани и физичко насилство, туку за најподмолна конструкција и криминал од времето на УДБА“, вели Панчевски. Претресот во домот на Панчевски е поврзан со предистражната постапка што ја води СЈО за бизнисменот Љупчо Палевски, а налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд.  Според него, наредбата за претрес е за кривичните дела незаконско прислушување и уцена и го спори тоа што е издадена од гевгелискиот суд.