(ВИДЕО) Пет лица, меѓу кои две деца, загинаа во невреме во Полска

(ВИДЕО) Пет лица, меѓу кои две деца, загинаа во невреме во Полска

Пет лица, меѓу кои и две деца, загинаа синоќа во невреме во Полска.

Две девојчиња, на возраст од 13 и 14 години, загинале кога дрво паднало врз шаторот каде спиеле.

Во невремето се повредени најмалку 28 лица, од кои 20 деца, што се наоѓале во извиднички камп во северниот дел на земјата.

Останатите три лица, исто така загинале од пад на дрво.

Речиси половина милион домови и компании останале без електрична енергија во невремето што најмногу ги погоди северните и западните делови од земјата.