(Видео) Полициска акција во Ласкарци, лицата кои МВР ги гони избегаа

(Видео) Полициска акција во Ласкарци, лицата кои МВР ги гони избегаа

Утрово полицијата во скопската општина Сарај, близу селото Ласкарци, спроведе акција при која заплени возило „ланд ровер“, но лицата по кои трагала успеале да избегаат. Жителите кои живеат во близина на складиштето каде што беше оставено возилото велат дека чуле сирени и виделе засилено полициско присуство.

Истата слика ја затекна и екипата на „Макфакс“, а МВР не открива детали за истрагата. Возилото „ланд ровер“ беше оставено на 300 метри од селото Ласкарци, под автопатот Скопје-Тетово и истото беше вклучено. Полициските службеници разговораа со повеќе лица кои беа затекнати во близина, како и лицата вработени во складиштето.

Жителите на селото беа затекнати и исплашени, не знаејќи повеќе детали. Министерството за внатрешни работи не кажува по кого трага и за што е истрагата, но истата ќе продолжи во наредните денови.

К. Ландов