(ВИДЕО) Почина и вториот застрелан полицаец во Париз

(ВИДЕО) Почина и вториот застрелан полицаец во Париз

 

Почина и вториот застрелан полицаец во Париз. Продолжуваат да се собираат нови полициски засилувања на местото на злосторството.

Засега е потврдено дека еден полицаец загина, а уште еден униформиран е ранет во престрелката во реонот на Елисејската полиња во Париз, пишува РИА Новости. Според податоците на полицијата, автомобил со непознати лица застанал до полициската патрола, по што настанала стрелбата. Според зборовите на очевидци, непознатите пукале од автомат Калашников. Засега нема официјална потврда. Le Figaro истакнува дека во нападот учествувале двајца криминалци, а еден од нив успеал да се скрие.

https://www.youtube.com/watch?v=KIOoGHhvd6w

Мотивите засега не се откриваат, но органи на редот сметаат дека може да станува збор за терористички акт. Од друга страна не ја исклучуваат и верзијата за вооружен грабеж. Дописникот на РИА Новости соопшти дека над местото на несреќата во моментов лета хеликоптер. Префектурата на париската полиција ги повика граѓаните на француската престолнина да го избегнуваат регионот, без да објаснуваат зошто.

Во вторникот во Марсеј беа уапсени двајца осомничени за подготовка на терористички акт, кој требало да се случи на крајот на претседателската кампања во земјата.

При претресот кај Махидин М. и Клеман Б. била откриена слика, на која се видел спакуван автомат, патрони, весник со фотографија на кандидатот за претседател Франсоа Фијон и знаме на “Исламска држава”. Пред  неколки минути Ројтерс објави дека починал и вториот застрелан полицаец. крај/мф/кс