(ВИДЕО) Скандал на Би-би-си: Порнофилм среде спортски вести

(ВИДЕО) Скандал на Би-би-си: Порнофилм среде спортски вести

Популарните „Вести во десет“ на Би би-си станаа погледани од вообичаено и тоа поради случајно емитувана порнографија.

Додека спикерката Софи Раворт го читала спортскиот извештај во вестите, на мониторите во заднина еден од вработените пуштил порнофилм. Дури ни камерманите во студиото во првиот момент не забележале што се случува и им требало извесно време за да го променат фокусот. А тоа било сосем доволно гледачите да ги забележат голите гради на порноактерката, а видеото да стане вистински хит на интернет.

Од Би-би-си признаваат дека тоа што се случило е непрофесионално и додаваат дека се истражува инцидентот.