(Видео) Спречена голема несреќа: Камион на автопат во Риека се движел на две тркала поради силниот ветер

(Видео) Спречена голема несреќа: Камион на автопат во Риека се движел на две тркала поради силниот ветер

Камион со полски регистарски таблички за малку ќе излеташе од патот во Риека поради силниот ветер.

На видеото објавено на „Фејсбук“ може да се види дека камионот попушта пред силниот ветер и на моменти се движи само на две тркала. На видеото се гледа дека возачот одвај успева да ја задржи насоката на движење.

Кога возачот забележа голема опасност од ветерот, реши да го забави движењето, со што спречи да се случи несреќа.

Како што јавуваат хрватските медиумни, на овој дел од автопатот имало забрана за движење на возила.