(ВИДЕО) Темелковски: Детските игралишта ќе бидат места на смеа и џагор

(ВИДЕО) Темелковски: Детските игралишта ќе бидат места на смеа и џагор

Сцените на запуштени детски игралишта и паркови ќе бидат минато во општината Кисела Вода, порача кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од СДСМ, Филип Темелковски.

„За таа цел имаме конкретни мерки и решенија во нашата програма за живот во Кисела Вода. Првично ќе ги одржуваме сите постојни детски игралишта, ќе ги опремиме со нови реквизити за да може младите што повеќе време да поминуваат тука. Дополнително, Општината има обврска за одржување на сите зелени и јавни површини на територија на општината.

Здравјето и хигиената мора да бидат приоритет на нашите сограѓани. На крајот, ќе изградиме зелени оази во сите урбани заедници на територијата на Кисела Вода.

Зелени површини што ќе служат за прочистување на воздухот и за многу поголемо маалско дружење на нашите сограѓани, додаде Темелковски.