(ВИДЕО) Шарени згради и празни улици: Ретка снимка од Пјонгјанг направена од авион

(ВИДЕО) Шарени згради и празни улици: Ретка снимка од Пјонгјанг направена од авион

Фотографот Арам Пан од Сингапур доби дозвола од севернокорејските власти од воздух да го сними главниот град на државата – Пјонгјанг.

На видеото може да се видат шарени згради, но и една чудна појава – а тоа е дека на улиците речиси и да нема луѓе и возила.

„За град од 2,6 милиони жители, Пјонгјанг е прилично пуст“, искоментирал Пан.

Видеото е дел од проектот „ДПРК 360“, кој има за цел да ја претстави Северна Кореја пред светот преку разни визуелни материјали.