(Видео) Штип: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ со маички „И јас сум терорист“ ја бојкотираа седницата

(Видео) Штип: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ со маички „И јас сум терорист“ ја бојкотираа седницата

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од Штип денеска ја бојкотираше седницата на Советот на општината. Советниците се појавија со маички на кои пишуваше „И јас сум терорист“.

„Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во знак на протест за бесправно затворените пратеници и други граѓани кои си ја сакаат државата демонстративно ја напуштија седницита на Советот на Општина Штип“, соопштија советниците.

Со маички „И јас сум терорист“, советниците скандираа „Македонија, Македонија“.

Денеска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Гевгелија ја напушти седницата на Советот во знак на поддршка на притворените за настаните од 27 април.

Освен во Штип и во Гевгелија, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги бојкотираа седниците и во советите на општините Куманово, Ѓорче Петров, Гази Баба и други.