(ВИДЕО) Џенифер Лоренс: Не се каам што играв на шипка, нема да се извинам!

(ВИДЕО) Џенифер Лоренс: Не се каам што играв на шипка, нема да се извинам!

 

Холивудската актерка Џенифер Лоренс неодамна ја посети Виена, каде го снима својот најнов филм, трилер Red Sparrow..

По бурните снимања, американската ѕвезда одлучи да го посети во популарниот градски клубот и таму да се релаксира со музика и танц.


Очигледно е дека вечерта премногу испила алкохол и папараците ја фатија во непримерена состојба.

 

Видео снимката на која таа танцува околу „шипка„ и се тетерави на сцената, додека наводно наместо блуза носела само градник, ја видоа сите.

 

Заморена од медиското внимание и коментарите кои беа поставени по поминатата бурна ноќ, Џенифер одлучи да објасни што навистина се случило таа ноќ.

 

“Тоа беше роденден на мојата најдобра пријателка и јас навистина немам намера да се извинам. Си поминав убаво„, рече актерката.

 

Актерката, исто така, рече дека таа не носела градник, но кратка маица и го опиша нејзиното танцување.

 

“Да бидам искрена, јас играв многу добро. Дури и покракт тоа што немав сила”.