„Визер“ укинувa линии од БиХ

„Визер“ укинувa линии од БиХ

Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ планира да ги намали своите летови од Тузла во зимската сезона 2017/2018 со привремено запирање три рути.

Летовите за Лондон, Братислава и за Нирнберг ќе бидат достапни до 1 ноември.

Од компанијата соопштиле дека за пронаоѓање на можностите за што поевтино патување на своите корисници некои од линиите може да ги реализираат само во летниот период.

Од таму ниту потврдиле ниту негирале дали линиите повторно ќе бидат воспоставени.

Оваа година меѓународниот аеродром во Тузла бележи раст опслужувајќи 226.462 патници во првата половина од годината, што е 59,4 отсто повеќе во однос на истиот период лани.