Виктор Габер: Книга„Од објект до субјект – Македонија во меѓународните односи“

Виктор Габер: Книга„Од објект до субјект – Македонија во меѓународните односи“

 

Во издание на фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија во Македонија, излезе од печат книгата „Од објект до субјект – Македонија во меѓународните односи“ на дипломатот и истражувач на државно-правната историја на Македонија, Виктор Габер.

 

Во оваа студија тој се осврнува на генезата на традиционалните, културните и политичките услови за формирање масовно чувство и потреба од постоење на самостојна македонска држава.

 

Во книгата опширно се следат овие процеси сè до предизвиците за зачувување на статусот на суверена и независна држава, субјект на меѓународната сцена, на актуелната политичка карта на светот.

 

Во препораките за книгата на Габер се нагласува дека таа излегува од класичната историска наративна фактографија, додавајќи му го на текстот потребниот теоретски пристап од областа на идентитетите, антропологијата и културолошкиот контекст.

 

Воедно, оваа студија е приспособена за секој читател без оглед дали станува збор за студент, научник, дипломат, но е релевантна и за пошироката академска и стручна јавност.Крај/мф/кс