Деветчасовно виножито постави нов Гинисов рекорд

Деветчасовно виножито постави нов Гинисов рекорд

Професори и студенти на кинескиот Универзитет за култура минатата недела во планините во Тајпеј беа сведоци на виножито што траеше рекордни девет часа.

„Беше неверојатно… Се чувствуваше како подарок од небото… Тоа е толку ретко!“, рече Чоу Кун-хуан, професор во одделот за атмосферски науки при Универзитетот.

Професорите Чу и Лиу Чинг-Хуанг, заедно со студентите од одделот и кампусот, го документираа виножитото. Нивните забелешки, фотографии и видеоснимки покажаа дека виножитото траело од 6.57 до 15.55 – осум часа и 58 минути.

Ако биде потврдено, тоа ќе го надмине претходниот рекорд за најдолготрајно виножито поставено во Ветерби во Јоркшир, Англија, на 14 март 1994 година, кое траело шест часа, од 9 до 15 часот, според Гинисовата книга на рекордите.

Според веб-страницата на Гинис, виножито обично трае многу помалку од еден час.