Висока воена делегација од САД во посета на АРМ

Висока воена делегација од САД во посета на АРМ

Со денешниот прием кај началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, високата воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД, Вермонт, ја почна официјалната посета на Република Македонија, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј

За време на приемот генералите Величковски и Креј го истакнаа значењето на одличната воена соработка на АРМ со НГ на Вермонт, изразена преку досегашното заедничко учество во мировни операции, реализацијата на голем број заеднички вежби, континуираното изведување обука и едукација на припадниците на двете армии.

По приемот кај НГШ на АРМ, во Министерството за одбрана се реализира состанок со министерката за одбрана Радмила Шекеринска на кој присуствуваше и амбасадорот на САД во Р Македонија, Џес Бејли.

Делегацијата од НГ на Вермонт во текот на денешниот ден ќе оствари посета на Министерството за внатрешни работи, а ќе го посетат и Центарот за управување со кризи.

Во текот на утрешниот ден делегацијата од НГ на Вермонт ќе оствари средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и со собраниската Комисија за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.