Витамин Д може да сопре настинка или грип

Витамин Д може да сопре настинка или грип

Витамин Д суплементи можат да поштедат повеќе од три милиони луѓе од настинка или грип во Велика Британија секоја година, тврдат научниците.

Овој витамин, познат како сонце витамин, е од витално значење за здрави коски, а исто така има улога во имунолошкиот систем.

Анализата, објавена во „Британскиот Медицински Журнал“, тврди дека храната треба да биде збогатена со овој витамин.

Но, од јавното здравство на Англија (PHE) велат дека податоците за инфекции не се конклузивни, иако и тие препорачуваат суплементи во исхраната.

Тие се согласуваат со фактот дека суплементите треба да се конзумираат за подобри коски и поздрави мускули, пренесува BBC.

Имунолошкиот систем го користи витаминот Д за да создаде антимикробно оружје против бактерии и вируси.

Но, имајќи предвид дека витаминот Д се создава во кожата додека сте надвор на сонце, многу луѓе имаат ниско ниво на овој витамин во текот на зимата.

Испитувањата за користење на суплементи или додатоци во исхраната за да се спречат инфекции даваат различни резултати, па затоа научниците извлекле податоци за 11.321 луѓе од 25 посебни испитувања со цел да се добие дефинитивен одговор.

Тимот на Queen Mary University of London (QMUL) се фокусирал на инфекции на респираторниот тракт, што опфаќа широк спектар на болести од мала настинка, до грип и пневмонија.

Генерално, студијата наведува дека едно од 33 лица ќе биде поштедено од инфекција доколку зема суплементи на витамин Д.

Коритењето на овој витамин е многу поефикасно од вакцината против грип, иако грипот е многу посериозен од настинка.

Еден од истражувачите, Д-р Адријан Мартино, вели: „Под претпоставка дека Велика Британија 65 милиони жители, и дека 70% имаат барем една акутна респираторна инфекција секоја година, дневната или неделната употреба на витамин Д ќе значи дека 3,25 милиони луѓе помалку ќе добиваат барем една акутна респираторна инфекција годишно”.

Научниците како и јавното здравство на Британија советуваат секој да зема витамин Д во есен и зима за подобро здравје на коските и мускулите.