Владата денеска ќе објави колку пари потрошила државата за странските инвеститори

Владата денеска ќе објави колку пари потрошила државата за странските инвеститори

На прес-конференција во Владата ќе биде претставен првиот дел од Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија за периодот од 2007 до мај 2017 година. Од владината прес-служба информираа дека анализата е направена по декласификација на договорите потпишани од претходната влада. Оттаму информираат дека поради обемноста на материјалите, денешната прес-конференција ќе биде прва за оваа тема, а во наредните денови ќе следува и втора.

Јавноста речиси 11 години не можеше да добие информации каде завршуваат парите што ги издвојуваат граѓаните и домашните компании за полнење на буџетот од кој се финансираше и дополнителната помош за странските инвеститори.

В. М.