Владата ќе му даде 150 милиони денари на ЈП „Македонијапат“

Владата ќе му даде 150 милиони денари на ЈП „Македонијапат“

Владата донесе одлука да му даде 150 милиони денари на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

„Владата донесе одлука Јавното претпријатие за државни патишта и Јавното претпријатие ‘Македонијапат’ да достават измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на ЈП за државни патишта за да се обезбедат 150.000 000 денари за потребите на ЈП ‘Македонија пат’ откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Државната комисија за спречување корупција“, соопшти Владата по вчерашната седница.

На седницата била разгледана и усвоена информацијата за утврдените активности со регионалните бизнис-центри формирани во рамките на центрите за развој на планските региони.

Дополнително, Владата го задолжи Министерството за локална самоуправа до декември да достави информација за степенот на реализација на aктивностите утврдени во договорите за поддршка на aктивностите на регионалните бизнис-центри формирани во рамките на центрите за развој на планските региони за 2017 година.