ВМРО-ДПМНЕ:Илија Јовановски преговара за гас со непостоечка фирма

ВМРО-ДПМНЕ:Илија Јовановски преговара за гас со непостоечка фирма

ВМРО-ДПМНЕ го обвини кандидатот за градоначалник, Илија Јованоски, дека преговара со измислена фирма за производство на биогас, само за да добие поени кај прилепчани.

„Кандидатот за градоначалник, Илија Јованоски објави информација, па дури и фотографии како преговара со наводна италијанска компанија за производство на биогас.За наводната италијанска компанија Ариет со која Јованоски договарал преработка на отпад за производство на енергенси, не постојат информации ниту на интернет. Всушност не постои фирма со ова име за производство на биогас.

Oва е уште една од низата потценувања на гласачите, преку кои Јованоски бара поддршка за функцијата градоначалник. Инцидентно, секој ден, како што некој ќе му каже на Јованоски дека одредениот проект звучи популистички, така тој ни го ветува.Која била конкретната цел на ваквата средба и кои се луѓето со кои се сретнал кандидатот на СДС, треба под итно да им објасни на прилепчани.

Ова значи, дека Јованоски и неговите соработници од СДС си играат мајтап со нас прилепчани, по теркот на нивниот лидер Зоран Заев и се среќаваат со најразлични конзули, амбасадори или во конкретниот случај наводни директори на компании за биогас. Затоа ги повикуваме сите сограѓани да ја побараат оваа наводна компанија на интернет. Едиствено што со ова име ќе се појави е некоја компанија за алишта, како и ресторани и кафетерии, но производство на биогас, ни под разно!

Покрај за овој проект, зборот гасЈованоски не треба да го користи ниту кога се говори за гасификацијата на Прилеп. Уште еднаш ќе потенцираме дека со изградбата на гасоводната линија Неготино-Прилеп- Битола, нашиот град ќе беше гасифициран до крајот на идната година, но за жал власта на СДС од каде доаѓа и Јованоски ја запре изградбата и на овој проект.

За разлика од претходно кога активно се работеше, сега целата механизација е повлечена, а граѓаните можат да ја видат само обележаната траса. Политиката не е детска игра, тоа е процес во кој политичарите градат и стекнуваат доверба кај граѓаните преку даден и исполнет збор“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.