ВМРО-ДПМНЕ: Заев е рекордер по пропаст, за 4 месеци економијата ја бутна во рецесија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е рекордер по пропаст, за 4 месеци економијата ја бутна во рецесија

„Заев  очигледно е нервозен и соочен со поразот ветува воздух, ветер и магла и пари за фирмите кои што сигурни сме да не беше изборната кампања немаше ниту да бидат спомената. Домашните фирми ниту пари ќе видат, ниту пак  каква било друга поддршка“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Според опозициската партија, за тоа колку е кадарна владата на Заев се видело од задолжувањето кое за четири месеци изнесува половина милијарда евра, а во исто време се кратело од плати, субвенции за земјоделците, инфраструктурни проекти и други капитални расходи.

„Заев се впишува во историјата на Република Македонија, како рекордер по пропаст кој за само 4 месеци економијата ја бутна во рецесија“, велат од партијата.