ВМРО-ДПМНЕ: Манипулација е дека функционери на МВР се расфрлале

ВМРО-ДПМНЕ: Манипулација е дека функционери на МВР се расфрлале

Манипулација од најнизок тип е обидот на СДС да ја излаже јавноста дека функционерите во МВР се расфрлале, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот брифинг во МВР. „СДС некрофилски се обидува да ги поврзе трагичната сообраќајна незгода во која што животот го загуби Никола Младенов, грозоморното убиство кај Смилковското езеро и настаните во Диво Насеље со оперативното работење на службите и нивните контакти со странски гости, делегации и соработници. Наместо да се зафати со вистинските проблеми кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и кои предизвикуваат тензии, Оливер Спасовски ја дефокусира јавноста занимавајќи се со ланскиот снег.“- стои во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.