ВМРО-ДПМНЕ: Нема премиер на друга држава освен Заев кој е фатен на видео како бара мито од 200.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ: Нема премиер на друга држава освен Заев кој е фатен на видео како бара мито од 200.000 евра

Зборот чесност се девалвира кога доаѓа од Зоран Заев, човекот кој од позиција на градоначалник беше видеодокументиран како бара мито од 200.000 евра. Безочно и дрско. Кажувајќи дека тоа е пракса која ја практикува со сите, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ .

„Нема премиер на друга држава освен Заев кој е фатен на видео како бара мито од 200.000 евра и око не му трепнува. Дополнително го укинаа Советот за јавни набавки за да прават криминални тендери. А кога нема тендери во четири очи даваат договори за закуп како што беше тоа со случајот Тополка на вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Што се однесува до градоначалниците на СДС сосема е познато на кој начин дојдоа на власт. На криминални избори, каде имавме кршени штабови, убиен носител на советничка листа, скршен череп на градоначалник, тепања, поткуп и притисоци кои гледаме дека продолжуваат и периодов како што е последниот пример во Гази Баба. Главното ветување им беше чист воздух, наместо тоа Градот Скопје и поголемите други градови се гушат во уште позагаден воздух“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму обвинуваат дека градоначалникот Шилегов наместо живот донел поскап паркинг, најава за забрана за движење на постари автомобили со што директно ќе удри по сиромашните, а еве денеска наместо зеленило почна и со сеча на паркот во Чаир.

Луѓето што победија на криминални избори ќе продолжат со криминал, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.