ВМРО-ДПМНЕ не и верува на анкетата на Телма

ВМРО-ДПМНЕ не и верува на анкетата на Телма

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на анкетата на телевизија Телма со повик до СДСМ и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат  на предвремени парламентарни избори на кои, според нив,  граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДСМ.

„Само така ќе се расчистат дилемите, односно забуните кои се створија, бидејќи денес беше објавена истата анкета изработена од истите луѓе пред само еден месец, која покажала сосема други резултати.

Според анкетата од крајот на месец јули резултатите од МЦСМ покажале дека ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето “доколку утре се одржат избори за која партија би гласале“, 27,1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 22,7 отсто.

Народот најдобро ќе каже дали се случило нешто во последните 30 дена за така драстично да се смени мислењето, односно дали Законот за двојазичност, договорот со Бугарија, укинувањето на планираното покачување на пензиите или тендерите кои Кочо Анѓушев си ги дели себеси придонеле за зголемување на рејтингот на Зоран Заев“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.