(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за култура Алаѓозовски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за култура Алаѓозовски

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со доаѓањето на Роберт Алаѓозовски на финкцијата Министер за култура, оваа област во Република Македонија за кратко време од седумдесетина дена го допрела дното. Тие бараат итно да запре неоварваризмот кој што, како што велат од партијата, секојдневно го шири Алаѓозовски со што нанесува огромна штета на угледот на Република Македонија на културен план.

„Во изминатиот период наместо унапредување на културата и културниот развој на Република Македонија за многу кратко време и веднаш откако беше назначен од страна на СДСМ, Роберт Алаѓозовски имаме тренд на уназадување на културата и културниот развој, преку превземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци во нашата држава, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата и многу други активности кои водат во таа насока“ рече денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.
„Токму во овие изминати неколку месеци од формирањето на новата Влада на СДСМ, од страна на министерот Алѓозовски сведоци сме на незаконско разрешување на професионалци во институциите од областа на културата и вдомување на партиските послушници во Министерството за култура. Поднесување на измени на Законот за култура во насока на вршење класична селекција и дискриминација на еден дел од уметници кои ќе продолжат да зимаат развојна национална пенизија, а на останатите во иднина да им се фиксира националната пензија до ограничен износ, без притоа да се слушне мислењето на културната фела што мисли за оваа неправда која се нанесува врз сите нив и без дебата. Враќање на апосолутната моќ на министерот Алаѓозовски во одлучувањето во културата, скандалозниот ребаланс на Буџетот со кој во културата се скратија 4.5 милиони евра за проекти од областа на културата, како и иницијативата која е доставена до Собранието на Република Македонија за укинување на Законот за национален уметник, се само дел од крајно непрофесионалното работење на овој министер“ додаде Лашкоска.

Како што рече Лашкоска, Алаѓозовски од самиот почеток на неговото работење во ресорот наместо да започне да работи во интерес на културата и културните работници, се фрли на политички пресметки и незаконски разрешувања на раководни лица во институциите од областа на културата. Алаѓозовски, како што рече, формирал совети, работни групи и назначува советници без компетенции и со биографии кои се единствено богати со закани, омраза, бес, гнев и фрустрации кои ги артикулирале со бројните најави дека ќе ги рушат, минираат и уништат спомениците на културата, на македонската историја и херои, само затоа што не ги изградиле нивните идеолошки татковци, туку Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, рече Лашкоска, сметаме дека Роберт Алаѓозовски треба што поскоро да си замине од позицијата Министер за култура, и на негово место да дојде искрена и чесна личност со изграден однос, кредибилитет и грижа кон културното и историското наследство, со почит кон сите уметници, културни работници, личност која ќе се залага за подобар статус и подобри услови за уметниците, и ќе се грижи за промоција и презентација на културата и уметноста на нашата држава во домашни , меѓународни и светски рамки. Личност како Роберт Алаѓозовски не смее повторно да му се повтори на Минситерството за култура, стои во соопштението.