ВМРО-ДПМНЕ прашува: Каде беше Заев четири месеци да дојде во Старата Чаршија?

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Каде беше Заев четири месеци да дојде во Старата Чаршија?

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека премиерот Зоран Заев безсрамно ги манипулира граѓаните,со тоа што сега пред избори им ветува обновување на чаршијата а не бил во неа четири месеци откако е премиер.

„Заев четири месеци не превзема ништо, но затоа сега во период пред избори се обидува предизборно да ги изманипулира занаетчиите и еснафот во Старата скопска чаршија.Еснафот и занаетчиите знаат кој што направил за нив. Занаетчиите од Старата скопска чаршија директно ги почуствуваа бенефитите од управувањето на ВМРО-ДПМНЕ со државата, и мерките за привлекување на странски туристи.Еснафот директно го почувствува зголемувањето на бројот на странски туристи, кои во 2006 година изнесуваа 202.357, а во 2015 година 485.530, тоа е реално зголемување во висина 140 отсто.Еснафот и занаетчиите добија огромна помош и со намалувањето на даноците, спроведено од ВМРО-ДПМНЕ, со што заштедија огромни финансиски средства, со што го зголемија својот профитот.ВМРО-ДПМНЕ ја спроведе мерката субвенционирање на занаечиите, со што се овозможи кофинансирање на дел од докажаните трошоци.ВМРО-ДПМНЕ ги субвенционираше занаетчиите и за отворање на нови работни места, во висина од 92.000 денари за секое новоотворено работно место. Програмата започна да се реализира во 2010 година и до 2015 година преку истата се вработени 569 лица. Оваа мерка имаше најголема одржливост на работните места со над 90 отсто од поддржаните.

Еснафот и занаетчиите знаат кој работи и носи реален бенефит за нив и нивниот бизнис, а кој лаже и манипулира пред избори за добивање на нивните гласови“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.