ВМРО-ДПМНЕ ја нарече владата бандитско-криминална

ВМРО-ДПМНЕ ја нарече владата бандитско-криминална

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата против владата, тврдејќи дека со својата политика ја води државата кон економски крах и банкрот. Според нив, се повеќе граѓани ја губат надежта дека владата на СДСМ ќе постигне било какви економски резултати, иако анкетите покажуваат дека довербата во неа расте.

!Македонија со оваа бандитско- криминална влада ќе го достигне дното. Цехот ќе го платат граѓаните. Владата на СДС ни малку не е фокусирана на отворање на нови работни места. Не само што не донесе нити една инвестиција туку ги брка потенцијалните инвеститори и компаниите кои досега инвестираа не водејќи грижа дека без работа можат да останат 25.000 граѓани.

Неодговорното работење на СДС со народните пари на  Македонија за прв пат после подолг период и донесе пад на просечната плата за 0.7 отсто и пад на индустриското производство од 2,2 отсто. СДС успеа да донесе и пад на извозот за јуни и јули за  12 отсто, односно 52 милиони евра со што му нанесе голема штета на домашното стопанство.

Граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики на СДС и на локалните избори на 15-ти октомври ќе го казнат уништувањето на македонската економија.СДС ветуваше живот, граѓаните добиваат сиромаштија. Ништо од ветувањата во економијата, ништо ниту од најавените инвестиции“, стои во соопштението од оваа партија.