Возилото на министерот за правда повторно е на „Ѕидот на сообраќајниот срам“

Возилото на министерот за правда повторно е на „Ѕидот на сообраќајниот срам“

Службеното возило на министерот за правда, Билен Саљији повторно се најде на „Ѕидот на сообраќајниот срам“. Денеска на „Фејсбук“ беше споделена фотографија на која се забележува како возачот на „пасатот“ пресекува две полни ленти на булеварот пред Министерството.

Истото возило пред неколку недели беше фотографирано паркирано на тротоарот пред Министерството за правда за што, по острите критики од јавноста, министерот се извини и вети дека нема повеќе да се паркира непрописно, а од Град Скопје поставија столпчиња за да го спречат паркирањето на тротоарот во овој дел од центарот на Скопје.