(Видео) Во близина на Москва се срушил авион со 71 патник

(Видео) Во близина на Москва се срушил авион со 71 патник

Авион на руската компанија „Саратов ерлајнз“ во кој имало 71 патник се срушил денеска во близина на Москва.

Агенцијата Тас повикувајќи се на градските власти информира дека авионот „Ан-148“ исчезнал од радорот веднаш по полетувањето од московскиот аеродром „Домодедово“.

Во несреќата нема преживеани патници ниту членови на екипажот, а леталото било старо 8 години.