Во буџетот на МОН нема пари за студентите, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Во буџетот на МОН нема пари за студентите, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Во буџетот за 2018 година на Министерството за образование и наука нема пари за нови студентски домови, нема пари за студентскиот град, нема пари за студентите, има само лаги и лажни ветувања, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев, Дескоска и Богоев ги излажаа студентите и младите на кои има ветуваа нови студентски домови, цел студентски град и нови студентски домови. Граѓаните сега можат да видат дека сè што ветуваше СДС за образованието беше една голема предизборна манипулација. СДС и Дескоска се однесуваат како граѓаните да се со кратко паметење. Дескоска не го зголеми буџетот за образование. Дескоска ги врати во буџетот за образование парите кои ги скрати во 2017 година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека министерката Дескоска го скратила буџетот за 1.7 милијарди денари.

„Дескоска ветува пари за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура, откако во 2017 година скрати цели 75 милиони денари од парите наменети за градба за овие две институции. Дескоска почнува на дело да ја реализира промената на историјата, која Заев ја договори со Бугарија. Дескоска јавно кажа дека сите учебници ќе бидат опфатени во процесот на ревизија. Дескоска јавно кажа дека владата добила укажување за промена на учебниците по историја и географија“, обвини опозицијата.