Во Велика Британија од недела сите цигари во истo зелено пакување

Во Велика Британија од недела сите цигари во истo зелено пакување

 

Во обид да се откажат луѓето од пушењето, строгите прописи за обликот и бојата на кутиите на цигарите во Велика Британија ќе отпочнат да се применуваат во недела.

Според новиот закон, сите цигари ќе се продаваат во стандардизирани пакети кои ќе бидат во зелена боја, која претходно истражувачите ја опишаа како “најгрдата боја во светот”, специјално направена за луѓето за да се откажат од пушењето, пишува британскиот весник Индепендент.

Предупредувања за штетните ефекти од пушењето врз здравјето, вклучувајќи и фотографии на заболени органи меѓу пушачите, ќе треба да покрие 65 проценти од површината на пакетите, кои ќе бидат исти за сите цигари, со единствената разлика што се појавува името на брендот.

Новиот закон, исто така, обезбедува дека во пакетите треба да има минимум 20 цигари, што значи дека пушачите нема да бидат во можност да купат поевтини пакувања од 10 цигари. Тутунска компанија Филип Морис, која го произведува Марлборо е обвинет за обид да ги избегне новите прописи за дистрибуција на пакети со калај кутија, која исто така изгледаше како обичен пакет, но со 10 цигари, пренесува Гардијан.

Првата фаза на стандардизацијата на кутиите со цигари започна во мај минатата година, тогаш на компаниите им беше даден извесен период на прилагодување и да се потрошат старите пратки на цигари. Се проценува дека пушењето предизвикува прерани смртни случаи на 700.000 луѓе годишно “Крај/мф/кс